BlackBerry можеби се откажа од производството на паметни телефони, но нивниот партнер од Кина TLC кој сега е задолжен за тоа, врши одлична работа. Тука особено мислам на KEYOne, модел кој ги има сите карактеристики на еден BlackBerry уред, како високо квалитетна изработка и хардверска тастатура, а доаѓа со Android Nougat оперативен систем.

Спецификациите на овој смартфон можеби не се на нивото на конкуренцијата, особено што цената во САД изнесува 549 долари. Процесорот е Snapdragon 625 помогнат од 3 GB рам и 32 GB простор со micro SD картичка, додека дисплејот има големина од 4,5 инчи и резолуција од 1620х1080 пиксели. Батеријата има солидни 3.505 mAh и поддржува брзо полнење.

Сепак, идејата со овој уред не е да има врвни перформанси, туку да понуди едно различно искуство. Тука пред се алудирам на хардверската тастатура, која овозможува пишување без да гледате во телефонот, но и целосниот дизајн и квалитетна изработка. Секако, тука помогнува и чистиот Android Nougat 7.1 оперативен систем, како и редовните надградби кои ги ветува BlackBerry. Исто така, овој телефон доаѓа со неколку апликации за подобра заштита на податоците на корисникот.

BlackBerry KEYOne ќе биде достапен од наредниот месец низ пазарите во светот. Кај нас веројатно ќе го добиеме подоцна, но верувам дека ќе биде достапен на почетокот на летото во јуни. Кај нас цената ќе биде веројатно блиска до 600 евра.

Извор: The Next Web, The Verge, BlackBerry

Претходна статијаWindows 10 Mobile смартфоните почнаа да го добиваат Creators Update
Следна статијаMicrosoft препорачува да не го инсталирате мануелно Creators Update