snap-spectacle-machine-light1-copy

Една од најпопуларните социјални мрежи кај помладата публика (и кај натуралистите) неодамна лансираше очила со кои корисниците на таа мрежа ќе можат да снимаат кратки видеа и веднаш да ги постираат како сторија на Snapchat.

Во целосно кул потег, Snapchat почна да ги продава очилата преку „слатко“ дизајнирани светло – жолти „вендинг машини“, односно автомати кои ќе патуваат низ многу места во САД. Ова ги прави супер достапни за корисниците и покрај тоа што имаат прилично висока цена од 130 долари – премногу за производ кој би го купиле од „вендинг машина“.

cw6craxuaaa8n-3

Идејата зад Spectacles очилата е тие да бидат полесен начин за снимање на кратки видеа и особено би биле корисни во летните денови, кога многу од нас очилата скоро и да не ги вадат од очите. Тогаш, само со едно притискање на копче, ќе можете да снимите максимум 10 секунди видеа од вашите најинтересни и најдрагоцени моменти. Очилата се поврзуваат со iPhone (Bluetooth или Wi-Fi) или Android паметен телефон (Wi-Fi).

Очилата сепак можат да се користат само за снимање на Snapchat, што е секако ограничување, а секогаш има и загриженост за загрозување на приватноста на луѓето во околината, кои не би знаеле дали вие снимате. Како и да е, очекувајте многу повеќе стории на Snapchat од помладата популација после овие очила.

Snapchat Spectacles доаѓаат и со футрола, која има батерија што ќе ја полни батеријата на очилата. Ова значи дека корисникот ќе ја полни батеријата на футролата, а потоа очилата ќе се полнат преку неа, максимум до пет полнења.

Извор: TechCrunch, The Verge, Mashable

Претходна статијаСиликонската долина доаѓа во Скопје
Следна статијаApple ќе претстави нови iPad модели во март идната година