iPadPro10-SmartKeyboard_PR-PRINT

Последните iPad модели беа претставени на почетокот од оваа година и тие беа насочени кон бизнис корисниците во главно. Тоа се гледа од фактот што и двата претставени модели ја носеа новата ознака Pro, која значи дека моделите доаѓаат со додатоци како тастатура и пенкалце, покрај другото.

Според информациите кои се „вртат“ по интернет, Apple планира подновување на оваа линија на производи повторно околу март, во овој случај 2017 година.

Двата модели кои беа претставени оваа година, ќе останат, односно ќе бидат претставени нови генерации, а истите повторно ќе бидат во Pro категоријата.

Ова може да се каже и дека го покажува трендот на користење на таблет компјутерите овие години, односно тие се’ повеќе се користат и за работа, а не само за „занимација“ од обичните корисници. Овој тренд започна со Windows 10 уредите кои се покажаа како навистина популарни кај корисниците.

Информациите, кои овој пат доаѓаат од Barclays истражувачите, укажуваат на можноста Apple да претстави и трет модел кој би имал екран со големина од 10,9 инчи. Она што треба да биде интересно и карактеристично за овој модел се најавите дека екранот ќе нема рамка околу него, нешто што се најавува и за новиот iPhone 8.

Овој концепт, кој се очекува во иднина се почесто да се користи од страна на производителите, е нешто што прави уредите да изгледаат навистина добро и футуристички. Веќе можевме да ја видиме реакцијата на новиот концепт телефон кој ќе биде продаван во ограничена количина од страна на Xiaomi, наречен Mi Mix.

Информациите од Barlcays исто така кажуваат дека Apple не планираат да претстават нова генерација од Mini моделот и дека последниот, односно iPad Mini 4, ќе остане како главен во оваа понуда.

Пазарот на таблет компјутери не е каков што беше кога тие започнаа да се продаваат. Факт е дека корисниците се’ повеќе сакаат да ги користат и за работа, а не само за мали и неважни активности. Исто така, продажбата на обичните таблет компјутери е значително намалена, на сметка на Pro моделите кои може да се користат за повеќе намени.

Извор: Mashable, AppleInsider

Претходна статијаSnapchat Spectacles очилата почнаа да се продаваат преку „вендинг машини“
Следна статијаMoonraker е паметниот часовник на Nokia кој никогаш не пристигна на пазарот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.