apple-march-event

По претставувањето на Apple Watch во Септември минатата година, Tim Cook минатиот месец најави дека неговата продажба ќе започне од Април оваа година. За првиот паметен часовник од Apple беа дадени доста информации, но сепак поголемиот дел од нив беа оставени за по официјалното започнување на продажбата.

Apple Watch доаѓа во три верзии, односно спортска, стандардна и посебна верзија за кои што е објавена само почетната цена на првиот модел, а истата ќе изнесува 350 долари. За часовникот можевме да видиме како тој ќе изгледа, на кој начин ќе функционира, достапноста на апликации и повеќе.

Apple во текот на вчерашниот ден почна да испраќа покани до медиумите за настан кој што ќе го одржи на 9-ти Март. Настанот ќе се одржува во San Francisco, поточно Yerba Buena Center for the Arts, а истиот ќе биде во живо пренесуван почнувајќи од 19:00 часот по македонско време. Како и обично, за да можете да го следите официјалниот стрим во живо, ќе мора да поседувате некој од производите од Apple.

Поканата за настанот е означена со зборовите Spring Forward и како обично не се откриени никакви детали околу тоа што ќе биде тема на настанот. Сепак, се очекува дополнително претставување на Apple Watch, односно прикажување на остатокот на информациите, како и завршената работа до сега. Најавувано беше дека часовникот при официјалното пуштање веќе ќе има пристап до околу 100.000 апликации направени специјално за него.

Од другите очекувања, се верува дека е можно и претставување на нова верзија од MacBook Air или можеби и најавуваниот поголем iPad Pro.

Извор: The Verge

Претходна статијаAndroid со апсолутна доминација на пазарот за паметни телефони
Следна статијаClaxi – Повикување такси во стилот на 21-от век
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.