Во северниот дел од Германија, железничката линија досега составена од дизел машини, е заменета со два нови воза кои работат на водород. Кратко кажано, водородните ќелии, во комбинација со кислород, создаваат електрична енергија која потоа ги напојува електро моторите кои го движат овие возови.

Во целиот систем вклучена е и батерија која треба да овозможи и чување на екстра електрична енергија која се создава преку системот за кочење.

Овие возови, веднаш е јасно дека се многу потивки, а не ја загадуваат околината. Единствениот „издувен“ гас кој излегува од овој тип на мотори е водената пареа, па јасен е еколошкиот ефект на околината.

Инаку, овие возови можат да достигнат брзина од 140 километри на час, а можат да поминат до 1.000 километри со едно полнење на водородните ќелии, со што се овозможуваат скоро 10 „кругови“ на рутата, додека е потребно повторно полнење.

ИЗВОРAlstom
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаSony ја претстави PlayStation Classic – ретро конзола која ќе стане достапна од овој декември
Следна статијаСаудискиот Суверен фонд инвестира повеќе од 1 милијарда долари во конкурентот на Tesla, Lucid Motors
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.