Magic
Media: The Verge

Компанијата Magic Leap со години разработува очила кои ќе продуцираат некаков вид на виртуелна зголемена реалност. Истите, се очекува да се појават на пазарот годинава, а како партнер за дебитирање на новата технологија тие ја одбраа најпопуларната кошаркарска лига на светот.

Првиот човек на Magic Leap во заедничко интервју со претставник од NBA за Recode ја официјализираа соработката. Меѓу првите проговори, однсно го покажа своето воодушевување од производот е најдобриот центар на сите времиња, Шекил О’нил.

Стартапот Magic Leap успеа да прибере неверојатни 1,9 милијарди долари за да го развива проектот. Како спонзори се јавија некои од најуспешните компании, меѓутоа производот се чека речиси 8 години. Корисничкото искуство е тешко да се опише. Тие велат дека создаваат слика преку емитување на светлина на различни „фреквенции“. Како тоа ќе изгледа во пракса е тешко да се замисли, од проста причина што технологијата е слабо позната и распространета.

Во очите на просечен човек производот делува застарено. Па може да се каже дека дури и начинот на промоција асоцира на раните 2000-ти. Доволно е да се види Шекил О’нил со сив уред на главата за да ве асоцира на некаков неуспешен обид за виртуелна реалност од пред 20 години. Во секој случај, производот ќе се најде на пазарите годинава, но се уште нема детали во врска со цената.

ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаNuro: специјализирано автономно возило за достава
Следна статијаGoogle ја претстави Gmail Go – уште една апликација наменета за „послабите“ корисници