Како би изгледал уредот од Microsoft на преклопување

Според досегашните информации може да се добие доволно добра слика за тоа што може да се очекува од Microsoft на овој план

Дечките од T3 порталот редовно сакаат да пренесуваат концепт дизајни од непретставени уреди направени од Concept Creator, па кога ќе ни привлечат внимание со некое видео, истото сигурно ви го пренесуваме.

Видеото кое го пренесуваме денес е одлично направен 3D концепт од Microsoft Andromeda, односно уредот од компанијата кој треба да дојде со екран на превиткување и со тоа да може да се користи како таблет и смартфон.

Оваа година ќе видиме вакви уреди од повеќе производители, а веќе го видовме и првиот ваков уред FlexPai, но најмногу го очекуваме тој од Samsung.

Концептот претставен на видеото погоре изгледа одлично, па доколку од Microsoft претстават нешто слично, сигурен сум дека ќе привлече големо внимание и позитивни оценки.

ИЗВОРT3
Претходна статијаCosmo Communicator е PDA уред кој работи на Android и Linux
Следна статијаSamsung официјално ја потврди и најави Galaxy M серијата која ќе почне да се продава во Индија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.