PDA уредите, односно Personal Digital Assistant, беа популарни пред претставувањето на паметните телефони. Во тоа време тие може слободно да се каже дека беа едни од најнапредните мали “компјутери”, па бизнис корисниците често се одлучуваа за нив.

Сепак, во денешно време на паметни телефони кои ги има во секаква големина, а на нив има илјадници апликации, па дури има и бизнис модели како Galaxy Note кои можат да се поврзат на екран и да се користат како компјутер, PDA уредите некако не гледам каде би ги нашле своите корисници.

Без разлика на се ова, компанијата Planet Computers смета дека има пазар за вакви уреди, па тие на CES 2019 го претставија својот втор и подобрен PDA уред наречен Cosmo Communicator.

Овој уред е замислен да се користи од корисниците кои често пишуваат нешто како дел од нивната работа, а не можам да замислам дека може да им биде привлечен на било која друга категорија на корисници.

Кога е затворен интеракцијата може да се прави со мал 2 инчен AMOLED екран којшто е замислен да се користи за телефонски повици, проверка на известувањата, како и прикажување на часот и датата.

Главната работа со уредот се прави со неговото отворање, со што се прикажува внатрешниот 5,99 инчен екран и физичката тастатура која е скоро како тие на компјутерите, односно не е како на постарите BlackBerry, на пример.

Овој екран има резолуција од 2.160 на 1.080 пиксели и секако е на допир и покрај замислата да овој уред се користи како еден прилично мал лаптоп.

За таа намена, покрај најновата верзија од Android, на овој уред е инсталирана и некоја повеќето дистрибуции од Linux.

Работи на просечниот MediaTek P70 чипсет којшто има осум јадрен процесор кој работи до 2 GHz. Меморијата вклучува 6 GB RAM, како и 128 GB простор за податоци со можност за додавање на картичка.

Главната маана на овој уред, според мене, е неможноста да се користи како класичен мобилен телефон. Кога ќе се отвори внатрешниот екран, којшто во основа е главниот, мора да се отвори и тастатурата која е наместена во позиција погодна за пишување. Тоа значи дека овој уред не може баш да се користи со една рака и секогаш кога нешто се прави, ако не е на маса, изгледа чудно и непрактично.

ИЗВОРMashable
ИЗВОР 2XDA Developers
Претходна статијаBlack Mirror: Bаndersnatch – почеток на ТВ револуција
Следна статијаКако би изгледал уредот од Microsoft на преклопување
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.