email-824310_640

Windows знае или пак би требало да знае која програма да ја користи за читање и пишување на мејлови. На тој начин кога ќе кликнете на имејл линк на некоја веб страна, на пример, Windows ќе ја отвори таа програма спремна за исрпраќање на порака.

Ова обично добро функционира со вашиот локален имејл клиент – односно кога користите некоја од повеќето достапни програми на Windows,  но што доколку користите веб базирани имејл услуги како Gmail или Outlook.com, тогаш Windows нема да знае каде да ве испрати доколку сакате да пратите порака.

Доколку ова е вашиот случај, вие можете да продолжите да користите имејл преку вашиот интерет прелистувач, а него да го прилагодите автоматски да ги отвора линковите со вашит имејл сервис. Во продолжение можете да видите како истото се прави во најпознатите прелистувачи.

Chrome

Доколку користите Chrome, може лесно да кажете каде треба да се оди кога ќе кликнете на имејл линк. Следете ги следните едноставни чекори:

1. Одете на сајтот на кој го користите мејлот (Gmail.com, Outlook.com итн)
2. Кликнете на иконата која ќе се појави во горниот десен агол во форма на дијамант
3. Селектирајте Allow

chrome-mail

Firefox

1. Кликнете на menu иконата во горниот десен агол
2. Изберете опции

firefox-meil

3. Кликнете на Апликации на левата страна на екранот
4. Внесето го мејлот во Search полето
5. Изберете mailto
6. Извлечете го Action менито и направете го вашиот избор

settings-mozila-meil

Со овие прилагодувања, секогаш кога ќе кликнете на имејл линк на некоја веб страна, вашиот интернет прелистувач ќе знае тој линк да го отвори со вашиот избран веб имејл сервис.

Претходна статијаLian Li лансира моторизирана маса која е воедно и куќиште за компјутер
Следна статијаДостапен Ubuntu 16.04 LTS – шестата верзија со долгорочна поддршка