Првата поголема надградба од двете годишно на Windows 10 веќе требаше да биде пуштена, а одложувањето може да се препише до некаде и на COVID-19 ситуацијата. Microsoft сепак излезе со информација и надградбата ќе го носи името Windows 10 May 2020 Update, со што официјално дознаваме кога може да се очекува официјалното пуштање за сите корисници.

Иако не е позната точната дата, како што се гледа од името, надградбата ќе стане достапна од идниот месец, односно мај, по што заинтересираните корисници ќе можат да изберат да ја инсталираат.

Како и обично, оваа надградба е дел од Windows Insider програмата, па нејзините членови ја користат веќе одамна. Тоа што е пред пуштање за сите корисници значи дека сега е дел од Release Preview „кругот“ од Insider програмата, односно кругот кој е наменет за тие кои сакаат порано да ги инсталираат достапни надградби, но да не ризикуваат со тест верзиите кои уште се во развој.

Ова значи дека доколку сакате порано да ја инсталирате Windows 10 May 2020 Update, која сега е достапна во Release Preview, за што од Microsoft истакнуваат дека последната верзија е таа која ќе биде и официјална, тоа можете да го направите на следниот начин:

  1. Отворете ја Settings апликацијата и отидете до Update & Security > Windows Insider Program
  2. Притиснете на „Get Started“, па изберете ја вашата Microsoft сметка, која доколку досега не сте користеле Insider верзија ќе треба да биде регистрирана во програмата
  3. Од понудените можности за да го изберете Release Preview кругот, ќе треба да ја изберете можноста „Just fixes, apps, and drivers“ и да притиснете на „Confirm“
  4. Притиснете на „Restart Now“ копчето, па по повторното вклучување на компјутерот, проверете уште еднаш дека сте на вистинскиот круг
  5. Во Update & Security > Windows Update проверете за надградби, по што новата верзија ќе ви стане достапна за инсталирање.

Поради тоа што со ова вашиот Windows 10 станува дел од Windows Insider програмата која вклучува и собирање на повеќе податоци за вашето користење, по инсталацијата на надградбата можете да се исклучите од Insider програмата со што ќе продолжите да ја користите верзијата како стандардна.

ИЗВОРMicrosoft
ИЗВОР 2Windows Central
Претходна статијаЈавните претпријатија се управувани од луѓе со несоодветно формално образование
Следна статијаЈП Водовод и Канализација претстави апликација достапна на Android и iOS
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.