Concept art of the Galaxy X by YouTube channel TechConfigurations

Ако им веруваме на се почестите неофицијални информации, Galaxy X од Samsung веќе не е само концепт за иден телефон, туку тој конечно ќе биде претставен во јавноста и ќе почне да се продава. Тоа најверојатно ќе се случи на почетокот од идната година на CES 2019 или на MWC 2019, два настани кои се одржуваат во јануари, односно февруари.

Galaxy X треба да биде уред којшто ќе биде комбинација од смартфон и таблет компјутер, со тоа што ќе се превиткува по неговата должина. Информациите даваат неколку можности за тоа како ќе се превиткува уредот, па сепак останува да видиме што Samsung има смислено кога ќе го претстави официјално.

Додатна информација за тоа што може да се очекува од Galaxy X идната година доаѓа од порталот ITHome. Според нивните информации, делот од Samsung задолжен за развој и производство на батерии, има развиено батерии баш за овој вид на уреди. Тоа значи дека и батериите ќе бидат на некој начин свитливи, а баш не интересира како би изгледало сето тоа.

Според нивните информации, овие батерии ќе имаат капацитет од 3.000 до 6.000 мили ампер часови, а се очекува дека уред како Galaxy X би дошол со најголемиот капацитет од 6.000 mAh.

Без разлика што не знаеме колку се точни овие тврдења, сепак веруваме дека еден уред кој треба да се користи како смартфон, но и како помал таблет компјутер, би требало да дојде со поголема батерија. Исто така, поради големината на уредот, истата е можно да се вгради.

ИЗВОРBGR
Претходна статијаНовите iPhone телефони во есен ќе дојдат со избор од повеќе бои ?
Следна статијаГраѓаните на општина Чаир добија ново место за дружење, спорт и рекреација
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.