Според неофицијални информации веќе неколку месеци, Apple ќе претстави три нови iPhone модели оваа есен и сите ќе бидат направени во стилот на iPhone X. Според тоа, едниот ќе биде наследник на ланскиот, вториот ќе биде поголем модел, додека за третиот веќе неколку пати може да се прочита дека ќе биде поевтин модел којшто ќе ги нема сите карактеристики достапните кај другите два модели.
За поевтиниот модел дури можеше да се прочита дека ќе биде нова генерација на SE моделите, соодветно наречен iPhone SE2, меѓутоа овие информации полека одат во правец на тоа дека овој модел ќе биде едноставно наречен iPhone.
Она што е заедничко за сите неофицијални информации е дека и овој модел ќе дојде со екран без рамки, односно само исечок на горната страна. Големината на екранот треба да му изнесуа 6,1 инч, но ќе биде направен во LCD технологијата, наместо во OLED како другите два модели.
Потврда за постоењето на ваков уред повторно доаѓа од производител на заштитни маски и фолии, од каде е направен е „рендер“ како треба да изгледа овој модел.
Она што треба посебно да го направи овој модел привлечен кај голем број на корисници е неговата цена. Поред исто така се’ уште неофицијални информации, Apple ќе ги намали цените на телефоните, а основниот треба да се продава по цена од околу 600 долари, што за iPhone со големина од 6,1 инч и исечок на горната страна, е прилично „евтино“.