Идната година ќе биде годината кога најверојатно паметните телефони ќе ја добијат најголемата промена после повеќе години. Се работи за конечно развивање на технологијата која ќе овозможи превиткување на екраните и компонентите зад нив, со што ќе се започне нов вид на уреди.

Уредите со вакви екрани ќе може да се користат како стандардни смартфони, меѓутоа ќе може да се „отворат“ во поголем формат којшто е повеќе сличен на таблет компјутер и со тоа подобро да може да се гледа видео содржина, да се читаат книги и слично.

Samsung е компанијата од која најмногу се очекува, а со оглед на позицијата која ја имаат нивните екрани, тоа воопшто не е чудно. Тие исто така најверојатно ќе бидат првите кои ќе претстават смартфон со екран кој се превиткува, меѓутоа има уште неколку компании кои ја развиваат истата технологија.

Едни од нив изгледа ќе бидат и Motorola, кои сега се во сопственост на кинескиот Lenovo. Тоа се гледа од најновиот патент којшто го имаат поднесено овој месец, на кој се прикажува смартфон којшто се превиткува на средината, нешто слично како на старите и познати RAZR телефони.

Патентот со сликите можете да го погледнете на овој линк, а најдобар приказ на овој патент може да се погледне во концепт видеото подолу.