Concept art of the Galaxy X by YouTube channel TechConfigurations

Може слободно да кажеме дека Samsung е главната компанија од која очекуваме да претстават смартфон со екран којшто ќе се превиткува, иако неколку од неговите конкуренти исто така работат на овој „проблем“.

Веќе има неколку години од кога Samsung најави дека работи на ваков уред, па крајот на 2018 беше еден од можните периоди кога се очекуваше тие да претстават ваков уред, најчесто неофицијално нарекуван Galaxy X.

Сепак, според сите информации досега, Galaxy X или како и да биде наречен, ќе биде претставен идната година, а најавите се дека тоа би било на почетокот од годината на CES 2019 во Лас Вегас.

„Подгревање“ на надежите дојде повторно минатата недела директно од главниот на мобилниот сектор во Samsung, Ди Џеј Коу, кој разговараше со американските медиуми на Unpacked настанот кој се одржа минатата недела во Њујорк и каде беше претставен Galaxy Note 9.

Тој потврди дека тие како компанија се’ уште планираат да бидат првите кои на пазарот ќе претстават смартфон со екран којшто се превиткува, односно тој истакна дека тие се фокусираат на развој на иновации кои ќе бидат искрено прифатени од корисниците, како и дека тие не би сакале да ја изгубат ознаката на први во светот.

За Huawei веќе се најавува дека може да бидат првите кои ќе претстават смартфон со екран којшто се превиткува, па може да се каже дека со ова се најавува одредена трка помеѓу производителите.

Сепак, не е прашање само кој ќе биде првиот што ќе претстави ваков смартфон, а според мене главното прашање е кој ќе претстави доволно функционален и навистина смартфон којшто се превиткува.

ИЗВОРZDNet
Претходна статијаИнфографик – Galaxy Note8 VS Galaxy Note9
Следна статијаИнвеститори го тужат Елон Маск за најавата дека Tesla ќе биде приватизирана
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.