Иако Android со текот на годините стана многу повеќе „свесен“ за потребата од зачувување на приватноста на корисниците, сепак одредени работи изгледа никогаш нема да се променат. Android при секое барање од некоја апликација да пристапи до локацијата на корисникот, на пример, бара дозвола која мора да ја одобри самиот корисник.

Сепак, како што повеќето се сомневаат, а и повеќе истражувања имаат докажано слични работи, Google не не’ остава баш сигурни како што би се надевале.

Истражување направено од страна на Associated Press, а потврдено подоцна и од истражувачи од Принстон универзитетот, Google продолжува да ја следи нашата локација и по исклучување на опцијата која е директно поврзана со истото.

За што поточно се работи? Google во своите прилагодувања, кои обично се вклучени автоматски, има дел за историја на локациите кои ги посетува корисникот. Кратко кажано, доколку на вашиот Android уред е вклучена опцијата Location History, можете да ги видите сите места коишто ги имате посетено, поделени по денови.

Тука и настанува проблемот. Доколку корисникот ја исклучи оваа можност, претпоставува дека Google веќе нема да ја чува историјата на тоа каде оди во текот на денот, меѓутоа истражувањето има покажано дека тоа не е случајот.

Се што се постигнува со исклучување на Location History е да самиот корисник веќе нема пристап до историјата, односно веќе нема да може да ја гледа преку Maps. Одредени локации кои ги посетува корисникот ќе останат дел од неговата сметка, а тоа се случува поради тоа што одредени апликации се’ уште имаат пристап до локацијата на корисникот.

Па така, при вклучување на Maps, на пример, апликацијата ја проверува локацијата на корисникот, при што ја зачувува, а ист е случајот и со одредени апликации за временска прогноза.

Овие информации за локацијата на корисникот за зачувуваат поради тоа што иако Location History не е вклучено, сепак е вклучено Web & App Activity кои меѓу другото, зачувуваат и одредени информации за локацијата на корисникот.

Сепак, кога ова ќе се земе во предвид, се поставува прашањето дали и се што е поврзано со локацијата и приватноста генерално биде исклучено, дали одредени информации повторно не остануваат и се поврзани со тој корисник.

ИЗВОРAP
Претходна статијаНов закон ќе ја забрани владината употреба на производи од Huawei и ZTE во САД
Следна статијаНовите iPhone-и ќе имаат поддршка за Apple Pencil, повеќе простор за податоци и прилагодени цени
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.