Изгледа дека TCL, компанијата која сега ги има правата на BlackBerry брендот, сака сериозно да остане фактор на пазарот, односно не се предава и покрај неуспехот на оригиналните газди, па и не нешто посебната популарност сега.

BlackBerry KEY2 е официјалното име на новиот модел под BlackBerry брендот којшто ќе го претстави оваа компанија. Овој модел е наследник на минатогодишниот Keyone, а ќе биде претставен на настан во Њујорк на 7-ми јуни.

Значењето кое компанијата го дава на ова претставување се гледа и по слоганот на најавата на настанот. „An Icon Reborn“, става големи очекувања на уред којшто продолжува со својот препознатлив стил.

Инаку, BlackBerry KEY2 треба исто така да биде уред од средната класа, односно не се претставува како директен конкурент на најдобрите. Ова е и добра стратегија со оглед на тоа што ретко кој успева да им конкурира на неколкуте производители на врвот од листата.

Како ќе изгледа овој телефон можевме да видиме при крајот на минатата недела кога од компанијата претставија официјално видео на кое делумно го прикажуваат. Од видеото може да се види дека KEY2 ќе дојде со двојна камера на задната страна, како и познатата физичка тастатура од BlackBerry.

Она што исто така се истакнува на видеото е посебно копче на тастатурата со икона од 9 точки, за кое очигледно ќе има некаква посебна функција која ќе биде претставена на настанот. Што точно може да биде тоа, не би претпоставувале, а најверојатно ќе биде поврзано со можеби некој нов сервис, односно апликација.

BlackBerry телефоните порано во главно беа популарни кај деловните корисници, а како што гледаме новиот сопственик се обидува повторно да ја таргетира таа публика, па ќе видиме колку ќе им успее.

ИЗВОРPhoneDog
ИЗВОР 2TechnoBuffalo
Претходна статијаПрвиот смартфон со исечок на екранот, Essential Phone, не се продава – најавена можна продажба на компанијата
Следна статијаПо седум години Apple доби судска одлука со која ќе треба да наплати 539 милиони долари од Samsung
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.