Компаниите од популарно наречената FANG четворка се наоѓаат под зголемен надзор поради опасноста од воспоставување олигопол на пазарот. Facebook, Amazon, Netflix и Google се четворката која несомнено поседува моќ за неверојатно влијание врз генералната популација. Она што е алармантно, е нивното потенцијално влијание врз пазарот на труд и потрошувачите.

Новите технологии поставија нови стандарди кога се работи за промоција на услугите, но и регрутација на таленти и ликвидност на идеи. Во услови кога FANG четворката поседува најголем капацитет на информации кои се од клучна важност, токму во процесот промоција и општа присутност во животите на луѓето, се поизвесно е дека постои начин тие да се изолираат на врвот. Сведоци сме дека токму овие 4 компании се дел од секојдневието на секој модерен човек, па со самото тоа тие уживаат право на извесен начин да управуваат со него.

Од економски аспект, ваквата позиција на четирите компании може да биде особено неповолна на долг рок. Нивната изолација на самиот врв, евентуално ќе го оневозможи прогресот на нови старт ап компании и индустријата ќе ја сведе на споменатите 4 компании. Секој старт ап проект ќе биде осуден на приклучување на еден од четирите брендови за да успее да се пробие на глобалниот пазар. Ова би било едно од потенцијалните сценарија.

Второто сценарио пак, вели дека со текот на годините спласнува „еуфоријата“ поврзана токму со ваквите гигантски компании. Истите во изминатата декада поминуваа низ процес на оформување, за денес да бидат компании составени од јасно зацртана хиерархија помеѓу вработените. Истражувањата покажуваат дека младите таленти, попрво би одбрале да учествуваат во градењето на нов бренд кој ќе ги замени, отколку да бидат дел од огромна компанија како Google, каде нивниот труд ќе биде многу потешко забележан.

Извор: Recode

Претходна статијаСамсунг го претстави новиот Галакси А8(2018) со двојна предна камера, голем “бесконечен“ дисплеј и дополнителни секојдневни функции
Следна статијаFacebook ќе ги намали објавите кои бараат од корисниците да лајкнат, коментираат и слично