„Тагнете го пријателот кој спие до касно“, „Лајкнете го ова ако и вие не ги сакате понеделниците“… Вакви и слични објави кои бараат од корисниците да лајкнат, коментираат, тагнат или споделат одредена содржина, Facebook ќе почне да го намалува нивното прикажување.
Причината за ова е фактот што ваквите објави го „изигруваат“ алгоритамот на Facebook, кој прави да објавите на кои има повеќе лајкови, коментари и споделувања, почесто се појавуваат на листата со новости. Голем број на страни, знаејќи го ова, објавуваат работи на овој начин и нереално добиваат повеќе кликови и пристап до корисниците.
Намалувањето на ваквите објави ќе се направи во текот на неделите што следат со помош на машинско учење развиено специјално да ги препознава овие објави. Периодот од неколку недели е оставен со цел да страните имаат време да ги прилагодат своите објави доколку не сакаат да бидат намалени.
Објавите коишто бараат помош, совет, препораки и слични корисни работи, нема да бидат намалени, односно нема да бидат ставени во оваа група.
Не знам за вас, меѓутоа мене ми е мило за оваа одлука на Facebook. Јас лично никогаш не сум ги сакал ваквите објави и само ми сметале кога ќе ги видам на мојата листа со новости. Не знам за вас…
Извор: Facebook