Tesla, компанијата која нема кој не ја познава и цени, компанијата која ги произведува најпознатите електрични автомобили, во сопственост на познатиот Елон Маск. Секако, кога ќе се спомене оваа компанија, во главно на сите им текнува на автомобилите и нивниот одличен дизајн, перформанси и технологија.

Сепак, а не е ни прв ваков случај, Tesla деновиве претстави производ којшто нема никаква поврзаност со нивните автомобили, освен можеби тоа што овој производ може да се пренесе со автомобилите, ги има нивните бои, како и дел од материјалите.

Limited Edition Tesla Surfboard е најновиот производ којшто ќе го продава компанијата. Даска за сурфање дизајнирана од страна на Tesla Design Studio во соработка со Lost Surfboards и Matt “Mayhem” Biolos. Даската е направена со истите сјајни и мат бои кои се користат во Tesla автомобилите, а едната страна е засилена со јаглеродни влакна.

Во описот на производот интересно стои дека даската може да се смести удобно во моделите S, X и 3. Количината на даската е ограничена на 200, па нема сите заинтересирани да може да ја купат.

Цената на оваа даска е 1.500 долари, а таа е веќе распродадена, што покажува дека фановите на овој бренд, нема што не би купиле од оваа компанија. Се прашувам дали сите кои ја имаат купено, знаат како да сурфаат ?.

ИЗВОРElectrek
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаКрипто 101: Токени
Следна статијаФитнес канали на Јутјуб кои вреди да ги следите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.