Во посета на Зоолошката градина беа градоначалниците на Кисела Вода, Филип Темелковски и на Бутел, Велимир Смилевски. На средбата беше договорена целосна соработка вклучувајќи ги општинските сектори за образование, но и донации потребни за Зоолошка градина Скопје.

„Зоолошката градина е на сите деца, од сите општини. За тие успешно да се едуцираат, ние на општините ќе ги отстапиме двата едукативни центри, кои се целосно опремени за успешна едукација на деца од предучилишна и училишна возраст“- изјави директорот Галетановски.

Претходна статијаTRON го официјализира купувањето на BitTorrent
Следна статија„Невозможна мисија: Последици“ доаѓа во кино „Милениум“