онлајн маркетинг

Според последните известувања се очекува дека онлајн маркетерите ќе потрошат фанстастични 40 милијарди долари повеќе за реклами на Интернет. ТВ маркетингот заостанува во позадината. Впрочем, тоа не е зачудувачки, бидејќи тој тип на маркетинг полека замира. Тоа е зошто со ТВ маркетингот има помала контрола врз таргет групите, како и слободата за рекламирање. Веста за точните бројки прва ги објави компанијата Зенит. Оваа фирма е поседувана од познатата француска компaнија Publicis.

Интернет маркетингот во последните години воглавно беше реализиран преку слики и видеа кои се појавуваа на друштвените мрежи Facebook и YouTube. Според проценките за потрошувачка кои ги прави Зенит, се очекува дека на реклами на друштвените медиуми ќе бидат потрошени 58 милијарди долари. Тоа претставува раст од 21 процент, споредено со претходната година. Што се однесува до видеата, бројките достигнуваат до 32 милијарди долари во оваа 2018 година.

“Кај многу потрошувачи, проверувањето на нивните мобилни уреди стана редовна навика. Од овие причини очекуван е растот на рекламите во news feed – от кај друштвените мрежи” – истакнаа Зенит во нивното официјално соопштение за медиуми.

Како и да е, не можеме да ги занемариме последните настани кои се случија. Facebook е една од главните канали за рекламирање на многу маркетери, но факт е дека тие се соочија со огромни проблеми по скандалот со Cambridge Analytica.

Зенит додаде дека очекува расходите за рекламирање да растат побавно од глобалната економија во целост. Овие прогнози важат до 2020 година. Покрај ова, тие предвидуваат дека глобалните трошоци за рекламирање би се зголемиле за 77 милијарди долари во периодот помеѓу 2018 и 2020 година. Се смета дека САД, како најголема економска сила, ќе предводи во ова поле, со 26 проценти. На второ место е позиционирана Кина.

Она што е важно да се спомне е дека Австралија малку заостанува во овој поглед. Еве што изјави главниот човек на Зенит, Nickie Scriven:

“Во Австралија, растот за трошење на реклами се движи побавно. Сепак, тој е поткрепен со силни онлајн интернет реклами. Забележуваме раст и во рекламите кои се прикажуваат на телевизорите во метроата. Ова особено беше застапено во пред божиќниот период. Покрај ова, реализирањето на активности во дигиталниот маркетинг за странски пазар има раст” – рече таа.

Претходна статијаМарк Закерберг со извинување на цела страна во повеќе весници
Следна статијаXiaomi го претстави Mi Mix 2S со двојна камера, нов процесор и повторно одличен дизајн