LG во текот на вчерашниот ден, покрај тоа што го претстави првиот смартфон со вкупно 5 камери, претстави и нов паметен часовник. LG Watch W7 е името на часовник и истиот е хибриден паметен часовник.

Хибриден значи дека покрај тоа што се работи за паметен часовник којшто има екран на допир и оперативен систем, тој исто така има и класични механички делови кои работат како обичните часовници.

Класичните механички делови се тука за основата намена на часовникот, а тоа е придвижување на стрелките. Овој дел е направен во соработка со швајцарскиот производител на часовници Soprod SA.

Останатиот дел од часовникот работи на Wear OS, Android верзијата наменета за паметните часовници. Тоа на LG Watch W7 му овозможува измена на изгледот на часовникот, но и сите останати паметни функции кои ги имаат ваквите часовници.

Од компанијата истакнуваат дека во хибриден режим часовникот може да издржи до два дена без полнење, како и дополнителни 3 до 4 денови во аналоген, односно класичен режим. Доколку корисникот се одлучи да го користи само класичниот дел од часовникот, тој ќе може да издржи до 100 дена без потреба од полнење.

Инаку LG Watch W7 има 1,2 инчен LCD екран со резолуција од 360 на 360 пиксели, 4 GB меморија за податоци, како и батерија со капацитет од 240 mAh. Работи на Qualcomm Snapdragon Wear 2100 платформата.

ИЗВОРLG
Претходна статијаМихал Весолек од Полска е двоен добитник на наградите на натпреварот HUAWEI NEXT-IMAGE
Следна статијаFacebook го зголеми „грејс“ периодот за бришење на корисничките сметки од 14 на 30 денови
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.