LG во текот на вчерашниот ден го претстави најавениот LG V40 ThinQ, првиот смартфон со 5 камери на него. До бројката од 5 камери се доаѓа со 3 на задната страна и уште 2 камери на предната страна. Гледано посебно, веќе има смартфони со 3 камери на задната или 2 камери на предната, меѓутоа V40 е првиот кој ги има и двете, односно вкупно 5 камери.

Да почнеме со главната карактеристика на овој телефон. Три камери на задната страна, досега популарно само кај Huawei P20 Pro. Оваа карактеристика овозможува сликање на одлични слики, во повеќе услови, како и можност за додавање на многу повеќе ефекти, кои не мора да бидат софтверски рекреирани.

Трите камери се поделени на една стандардна леќа со сензор од 12 мегапиксели, една широко аголна леќа со 16 мегапикселен сензор и уште една таканаречена „телефото“ леќа со сензор од 12 мегапиксели.

Во комбинација со вештачката интелигенција која е секогаш посебно истакната во ThinQ моделите, сликите со овој мобилен треба да им конкурираат на најдобрите на пазарот, а ќе почекаме до првите тестови за да ја имаме конечната оценка.

На предната страна се сместени останатите две леќи, кои доаѓаат со сензори од 5 и 8 мегапиксели, од кои едната е стандардна леќа, а другата широко аголна, што остава простор за одлични групни селфија, како  и можност за ефекти.

Инаку, LG V40 ThinQ е смартфон од високата класа, па неговите останати карактеристики се соодветни на класата. Екранот на чија горна страна има исечок, а генерално мали рамки, е со големина од 6,4 инчи и QHD+ резолуција со 3120 x 1440 пиксели. Направен е во OLED технологија, што значи може да се очекува одлична слика и контраст на истата.

V40 работи на моментално најдоброто од Qualcomm, Snapdragon 845, а вклучува и 6 GB RAM меморија, како и избор од 64 и 128 GB меморија за податоци и можност за картичка до 2 TB.

Батеријата на уредот е со капацитет од 3.300 mAh, што не е лошо, меѓутоа можело да се отиде и на повеќе, како што е случајот со конкуренцијата.

ИЗВОРLG
Претходна статијаМакедонија ја прославува Светската недела на вселената
Следна статијаМихал Весолек од Полска е двоен добитник на наградите на натпреварот HUAWEI NEXT-IMAGE
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.