keezel

Многумина, односно пардон, сите од нас, често се поврзуваме на јавни Wi-Fi мрежи, кои секогаш немаат лозинка и се целосно незаштитени. Последиците можат да бидат дури и крадење ваши лични информации и податоци, бидејќи реално секој има пристап до мрежата – и сопственикот и корисниците.

Keezel е Indiegogo кампања, која тврди дека има решение за овој проблем. Нивниот уред, кој може да го собере во една рака што го прави исклучително преносен, се поврзува на Wi-Fi мрежата и потоа праќа друга мрежа кон вашиот уред. Keezel целосно ги енкриптира податоците. Уредот инаку се менаџира преку посебна мобилна апликација, а може да ја заштити мрежата на секој уред што има Wi-Fi конекција.

Покрај тоа што целосно ќе ги енкриптира податоците, меѓу кои спаѓаат и веб сајтовите кои ги посетувате, како и датотеките кои ги симнувате и прикачувате, Keezel може да се користи и за менување на IP адресите, односно како VPN мрежа. Ова е корисно ако сакате да „излажете“ некој веб сајт или сервис дека сте од друга земја, како на пример САД, за да имате пристап до сите можности (некои видеа на YouTube и некои серии на Netflix).

Keezel доаѓа со вградена батерија од 7.000 mAh, која овозможува работа од околу 10 часа, што е бројка која одговара на повеќето модерни лаптопи денес. Се полни преку micro USB приклучок, што значи дека и вашиот полнач за мобилен ќе заврши работа, односно дури и некоја надворешна батерија.

Во превод, Keezel е вистински преносно решение за оние кои често работат надвор од дома, а особено за оние што тоа го прават по аеродроми, автобуски итн. Цената на уредот изнесува 100 долари, што е уште еден плус за оние кои сакаат вистинска заштита.

Извор: CNET, Digital Trends, Geek, Indiegogo

Претходна статијаКако да направите локален бекап на вашите омилени страни на интернет прелистувачите
Следна статијаНачинот на пробивање на iPhone не е познат ни за властите и нема да биде доставен до Apple