huawei-fit_productphotod_orange_20160913

Заедно со новиот Mate 9, Huawei го претстави фитнес тракерот Fit, кој можеби не донесува ништо ново на сцената, но затоа има едноставен дизајн со карактеристики кои се директно насочени кон фитнес толпата, поточно, нема многу дополнителни функции кои само би ја трошеле батеријата.

Дисплејот на пример е кружен и обичен монохромен, што е одлично – фитнес тракер нема вистинска потреба од дисплеј во боја. Фитнес можностите се прилично длабоки – часовникот знае дали корисникот трча, оди или пак спие и може да измери чекори, потрошени калории и помината дистанца.

capture-12

Според Huawei, Fit има и супер прецизен мерач на отчукувањата на срцето, нешто со кое не можат да се пофалат многу од конкурентите. Сепак, на Fit му недостасува GPS сензор, кој реално можеше да биде вграден со оглед на цената од 129 долари, но часовникот може да го искористи оној од паметниот телефон (преку Huawei Wear апликацијата за Android и iOS) за прецизно мерење. Часовникот има и вградени тренинзи за трчање на 5 и 10 km, како и маратон и полумаратон.

Паметните можности на Fit се прилично ограничени и тој може да прикаже само пропуштени повици и пораки, што од друга страна е и добро – никој не сака да биде прекинуван од Facebook лајкови додека трча. Батеријата пак трае до 6 дена со едно полнење, што е всушност и најголемиот адут на овој часовник.

capture

Huawei Fit доаѓа во сребрена и темно сива боја, со различни бои на ремчињата (црна, сина и портокалова), кои имаат широчина од 18 милиметри, што значи дека се компатибилни и со многу ремчиња од обичните часовници.

Извор: The Verge, Engadget, GSM Arena

Претходна статијаMate 9 е нов супер голем телефон од високата класа на Huawei
Следна статијаШест дена трагаа по бугарскиот велосипедист, но требаше да го најдат побрзо