Windows Lean изгледа е најновата верзија од Windows 10 на којашто работи Microsoft. Зошто постои оваа верзија и за кои уреди ќе биде точно наменета, уште не е познато со оглед на фактот што од компанијата се’ уште ја немаат официјално најавено.

Windows Lean се приклучува на Windows S, посебна верзија од оперативниот која е наменета во главно за уреди кои би се купувале од страна на образовните институции. Оваа верзија од Windows 10 е со ограничени можности со цел да може да работи на послаби уреди, а во главно е направена да им конкурира на Chromebook уредите кои се покажаа како посебно популарни.

Windows Lean е уште повеќе ограничена и како што откри Twitter корисникот Lucan, истата е 64 битна верзија, зафаќа до 2 GB помалку простор од стандардната верзија, нема позадина, драјвери за CD и DVD, Registry Editor и уште неколку вакви функции кои стандардно доаѓаат со оперативниот систем.

Со оглед на фактот што веќе постои Windows S, почнаа да излегуваат интересни шпекулации за тоа дека оваа нова верзија може да е знак за останување на пазарот за мобилни од страна на Microsoft. Тие шпекулации добиваат на тежина кога ќе се земе во предвид фактот што во Windows се најдени API алатки за мобилните мрежи, нешто што стандардно не доаѓа со главната Windows 10 верзија.

Верувањата се дека Microsoft нема повторно да се обиде да се врати на пазарот на мобилни телефони со уште една обична верзија на Windows 10 која ќе треба да им конкурира на другите платформи. Се верува дека доколку Microsoft реши повторно да претстави мобилен уред со нивниот оперативен систем, тоа ќе биде некој уред со посебни можности, како што е на пример уред со екран на превиткување.

Инаку, можноста за инсталирање на Windows Lean е дел од развојот на наредната надградба на Windows 10, позната како Redstone 5, која треба да биде достапна за корисниците до оваа есен. Моментално посебни тест верзии од Redstone 5 се достапни за корисниците на Insider Preview програмата, приклучени на Skip Ahead кругот.

ИЗВОРhttps://www.zdnet.com/article/windows-10-lean-latest-build-offers-first-glimpse-of-microsofts-new-cut-down-os/
Претходна статијаGoogle го претстави новиот Gmail за веб – доаѓа со нов дизајн и неколку нови и корисни функции
Следна статијаЗаврши 11-тото државно првенство на бармени во Македонија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.