FinFisher, име кое го немаме слушнато веќе одреден период, стана познато пред неколку години кога се откри сериозноста на овој малициозен код. Најмногу внимание привлече поради информациите дека овој малициозен код во главно се продава на властите и се користи од нивна страна за „којзнае“ какви се не нивни цели.

Овој малициозен код е активен и се користи и ден денес, а причината за тоа е што многу е тешко да се изработи сериозна заштита од него. Во истиот е вградена одлична заштита против мерките за откривање и спречување на антивирусните програми, како на пример sandbox технологијата која треба да го изолира малициозниот код во посебен дел од оперативниот систем.

Од Microsoft тврдат дека успешно го имаат разградено кодот на FinFisher и со тоа имаат изградено заштита која ќе им биде достапна на Windows корисниците. Истата е достапна за корисниците на бизнис верзиите од оперативниот систем и Office 365 преку Windows Defender Advanced Threat Protection и Office 365 Advance Threat Protection.

Со оглед на фактот што обично деловните корисници се повеќе засегнати од овој вид на малициозен код, разбирливо е зошто нив и најмногу ќе им користи и ќе ги интересира ова што го објави Microsoft.

ИЗВОРZDNet
ИЗВОР 2Microsoft
Претходна статијаКакви карактеристики ќе има средниот Huawei P20 модел
Следна статијаВештачката интелигенција е способна и за фини нешта
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.