Full page photo

Microsoft претстави тест верзија од Windows 8.1, наречена Preview, во Јуни оваа година, достапна за сите, преку која корисниците можеа да ја користат најновата верзија од оперативниот систем пред нејзиното официјално излегување. Официјалната, финална верзија од Windows 8.1 стана достапна во Октомври оваа година, па на сите корисници на лиценцирана верзија од Windows 8 или 8.1 Preview им беше овозможено да ја инсталираат бесплатно преку продавницата за апликации.

Windows 8.1 Preview продолжи да функционира за сите корисниците што ја имале инсталирано, но немаат направено надградба на финалната верзија. Истата сепак се знаеше дека нема да функционира неограничено, па оваа недела Microsoft официјално ги извести корисниците дека Preview верзијата ќе престане да функционира на 15 Јануари 2014. После оваа дата доколку не направите надградба на финалната верзија, нема да можете да го користите оперативниот систем и можно е да изгубите одредени податоци што ги користите, па затоа се препорачува доколку планирате да продолжите да го користите Windows 8.1, да направите надградба на финалната верзија.

windows-store

Надградба на финалната верзија можете да ја направите преку продавницата за апликации преку следниот линк. По надградбата ќе ви бидат зачувани сите фајлови, меѓутоа ќе треба да ги реинсталирате сите апликации и програми. Доколку користите групна лиценца од Microsoft препорачуваат да направите чиста инсталација, а не надградба.

Доколку не поседува лиценца за Windows 8, а ја имате инсталирано директно Preview верзија на 8.1, за да ја користите финалната верзија потребно е да купите лиценца.

Претходна статијаАвтоматско препознавање на музика со Shazam за iPhone
Следна статијаLG Chromebase – All in one компјутер кој работи на Chrome OS
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.