Инсталацијата на Windows знае да биде прилично брза доколку истото се прави како чиста инсталација, а посебно од USB стикче. Сепак, надградбите кои Microsoft ги пушта два пати годишно, не се толку брзи, па доколку решите да останете на компјутерот додека целиот процес заврши, може да останете и повеќе од еден час.

Се разбира, времето на инсталација зависи и од хардверот на компјутерот, меѓутоа може да се извади некој генерален просек. Па така, инсталирањето на минатогодишната Creators Update надградба траело околу 80 минути, а наредната веќе е намалена на 50тина.

Според информациите, надградбата која треба да стане достапна наредниот месец, односно се’ уште неофицијално наречената Spring Creators Update, наводно ќе се инсталира за околу 30тина минути.

За да може ова да биде постигнато, Windows поголемиот дел од процесот на надградба ќе го заврши додека е вклучен компјутерот, односно корисникот најавен и слободно го користи системот.

Поради тоа, делот на надградбата којшто се прави со рестартирање на компјутерот, дополнително ќе биде намален.

Слободно може да се каже дека 30тина минути се веќе прифатливо време на чекање за една поголема надградба на системот. Сепак, при надградба, не е лошо да се биде до компјутерот, во случај да нешто не е во ред или да се бара интервенција од корисникот.

ИЗВОРhttps://www.pcworld.com/article/3264344/windows/microsoft-windows-10-installation-time.html
Претходна статијаTwitter ќе ги блокира речиси сите реклами поврзани со крипто валутите
Следна статијаДали Apple сите свои модели ќе ги направи како iPhone X ? – неофицијални слики го покажуваат SE 2 во овој стил
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.