Веќе неколку пати можеме да прочитаме дека Apple оваа година планира да претстави нова генерација од iPhone X, меѓутоа нема да застане само на тоа. Дизајн стилот на X-от, односно предниот дел целосно покриен со екран, тргање на Home копчето, како и веќе познатиот исечок на горниот дел, ќе станат стандард за сите нивни модели.

Она што е уште поинтересно е што неофицијалните информации говорат дека оваа година ќе има три модели кои ќе го преземат стилот на iPhone X, од којшто едниот ќе биде „поевтин“ модел.

Кога викаме поевтин, намерно користиме наводници, затоа што овој модел ќе биде поевтин од 1.000 долари и нагоре, колку што чини моментално iPhone X, а се очекува толку да чинат барем два од трите нови модели. Цената по која се очекува да биде достапен поевтиниот модел ќе изнесува околу 800 долари.

Овој модел се очекува да биде наследник на iPhone SE кој досега важеше за прилично поевтин модел кој го задржа и стариот изглед, односно не беше направен со дизајнот којшто го имаат поновите модели на iPhone изминатите неколку години.

Веќе се шпекулира дека овој модел треба да се вика iPhone SE 2 или дури и iPhone X SE. Како и неговиот претходник и овој модел ќе нема одредени карактеристики достапни во поскапите модели, а една од нив е челичната рамка од страните, која ќе остане алуминиумска.

BGR

До информациите доаѓа порталот BGR кои објавуваат и скици од наводниот модел за чија вистинитост „гарантираат“ нивни извори кои досега се имаат покажано добро.

Сепак, една карактеристика ќе биде променета, а тоа е големината на екранот. Тој не би требало веќе да ја задржи големината од 4 инчи, а се претпоставува и дека може да има големина од над 6 инчи.

Може слободно да се каже дека оваа година ќе биде поинтересна за следење на наредните модели од Apple, иако ланската беше претставувањето на X моделот. Оваа година ќе видиме дали сите модели ќе бидат направени во тој стил и дали ќе има одредени подобрувања, како на пример во големината на исечокот којшто сега, барем за мојот вкус, повеќе пречи отколку целосна рамка на горниот дел.

ИЗВОРForbes
ИЗВОР 2BGR
Претходна статијаWindows 10 надградбите во идните верзии ќе се инсталираат за пократко време
Следна статијаАвтономно возило на Uber усмрти пешак. Што значи ова за нивната иднина?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.