Windows 10 беше официјално пуштен за сите корисници пред скоро 3 години, поточно при крајот на јули 2015 година. Оптимистички Microsoft тогаш најави дека за само 3 години овој оперативен систем ќе го користат повеќе од 1 милијарда корисници.

Дека оваа бројка нема да може да биде достигната стана јасно веќе наредната година, кога почна да станува јасно дека мобилната верзија од овој оперативен систем, нема да го има очекуваниот успех.

Па така, Microsoft на својата Build 2018 конференција која се одржува оваа недела, објави дека Windows 10 е инсталиран на 700 милиони уреди, што кога ќе се земат сите фактори во предвид, не може да се нарече неуспех, иако бројката која сами си ја зададоа од компанијата, нема да биде достигната.

До истекот на трите години остануваат уште 2 месеци, па бројката има шанса да порасне до скоро 800 милиони корисници. Кога ќе се земе во предвид неуспехот на Windows 10 Mobile, може слободно да се заклучи дека од Microsoft сепак успеаја со целта да овој оперативен систем биде масовно користен.

Сепак, не е мала бројката на корисници кои одбиваат да го користат најновото од Microsoft, па остануваат верни корисници на Windows 7 кој е еден од најпопуларните системи. Има корисници кои се’ уште го користат и стариот Windows XP, па може да се очекува зголемување на бројката на Windows 10 корисници кога поддршката и функционалноста на овие два системи целосно ќе престане.

Инаку Windows 10 за разлика од претходните верзии, добива чести надградби со нови функционалности, поточно две годишно. На крајот од минатиот месец започна пуштањето на Windows 10 April 2018 Update, а што е ново во оваа верзија можете да прочитате на овој линк.

Претходна статијаДенови на финансиска писменост од 11 до 13 мај
Следна статијаInstagram подготвува нови кул функционалности?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.