Инстаграм

Се чини дека нема запирање за социјалните мрежи. Борбата да се освои вниманието на корисниците, а со тоа да се зголеми продажбата на платформите не престанува. Основачот на Facebook, Mark Zuckerberg неодамна најави куп новини на скорешната F8 конференција за девелопери. Snapchat ги пушти во продажба новите Spectacles, кои се значително подобрени и оптимизирани во однос на нивната првична верзија. Сега на ред е Instagram.

Не постои официјално соопштение за нови функционалности, меѓутоа деновиве Твитер корисникот Jane Wong го расчепкуваше кодот на Instagram и сподели со нас многу интересни моменти. Доколку овие потенцијални надградби успеат да го видат светлото на денот, Snapchat би можел да се најде во сериозни проблеми. Instagram веќе копираше неколку функционлности на Snapchat како Stories и screenshot – и. Со додавање на нови работи, би можел да им овозможи поголема контрола на корисниците и дополнително да ги привлече кон својата социјална мрежа. Правопропорционално со ова би било напуштањето на Snapchat како редундантна апликација на телефонот. Која е потребата од дополнителна апликација која има нуди само мал број на feature – и интересни за корисниците? Мислам дека ќе се сложиме по ова прашање.

Да се вратиме на муабетот, какви нови моменти подготвува Instagram? Првата работа би била можноста да не ги следите новостите на некој од вашите пријатели. Едноставно, го бирате копчето mute и завршена работа. Другата страна воопшто нема да знае дека сте ги санкционирале со бирање на оваа наредба.

Втората работа е календарски преглед спрема времето и датумот кога сте ги поставиле вашите Stories. Тоа многу би го олеснило пребарувањето. Засега, тие се прикажани само во grid преглед и не постои понапредна опција за нивно разгледување.

Третата работа која би рекла дека е некако очигледна е воведувањето на реакции на постовите. Тоа е типично за Facebook, но со оглед на тоа дека Facebook го поседува Instagram, воопшто не не’ чуди овој потег.

Четвртата работа се видео повиците. Па и време беше. Лично, ме изненадува што бар Facebook нема опција за Share screen, но не гледам зошто не би ја вовеле во иднина. Тоа е единствената работа која ми го одвојува Skype од другите апликации и главната причина зошто не го користав Facebook за било какви повици.

Претходна статијаWindows 10 стигна до бројката од 700 милиони корисници
Следна статијаСТРИП на месецот: Evolution