Shutterstock.com

Како и секоја година, Apple ќе ја претстави наредната верзија од нивниот мобилен оперативен систем, iOS, за време на WWDC конференцијата која оваа година се одржува на 3 јуни. Карактеристично за последните неколку верзии е достапноста на бета верзија за сите корисници, покрај само за програмерите, а истата ќе им биде достапна на корисниците ова лето.

iOS 13 е наредната верзија од оперативниот систем и според информациите до кои имаат дојдено од порталот 9to5Mac, истата ќе донесе доволно новини за да ни го привлече вниманието.

Главната новина која се очекуваше дека ќе дојде на iOS, е темната тема за оперативниот систем. macOS веќе доби ваква тема, а Apple веќе ги прилагодува своите апликации, додека голем дел од останатите апликации веќе имаат темна тема.

Како што знаете, покрај тоа што за одредени луѓе изгледа добро, темната тема е попријатна за очите во темни услови, а исто така и ја штеди батеријата кај OLED екраните.

Тринаесеттата верзија од iOS исто така ќе донесе нов и подобрен начин за работа со повеќе апликации (multitasking), кој ќе овозможи поголема слобода во поставувањето на прозорите од апликациите и слично.

iOS 13, според информациите, конечно ќе донесе промени кај Mail апликацијата која ќе биде доведена повеќе во тек со конкурентите. Оваа апликација сега ќе овозможува групирање на пораките според видот, како и важноста.  

Оставете коментар