Windows_logo

Windows 8 е на пазарот веќе нешто повеќе од една година, а исто така издадена е и надградба на 8.1. Веќе има информации и шпекулации за можните нови функции во некоја од наредните верзии од Windows. Во оваа статија можете да погледнете предлог концепти за дизајн на корисничкиот интерфејс на Windows за некоја од наредните верзии. Дизајните се навистина интересни, па се надеваме дека Microsoft ќе примени барем дел од нив во некоја од своите идни верзии од Windows.

Првиот концепт е направен од страна на Jerry Jäppinen на сајтот eiskis.net. Истиот е концепт за Windows 9 и дава свој поглед за тоа како би можеле да изгледаат Start менито, прегледот на активните прозорци, листата на апликации, прилагодувањата и слично. Предложениот концепт дизајн можете да го погледнете на следните слики.

Друг исто така интересен концепт дизајн е направен од страна на Sputnik8 за The Verge порталот. Истиот вклучува концепти за File Explorer, Internet Explorer, Media Center и Skype.

Третиот концепт е направен од страна на 19 годишниот дизајнер од Полска, Daniel Skrzypoń и истиот можете да го погледнете на следната слика.

Windows-9-concept

Претходна статијаNSA и GCHQ ги шпионирале online игрите како World of Warcraft
Следна статијаНови сигурносни функции за вашата Microsoft корисничка сметка
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.