Преку својот официјален блог, вчера Microsoft најави дека во наредните денови ќе воведат 3 нови сигурносни функции кои треба да ја подобрат сигурноста на корисничките сметки. Microsoft корисничката сметка се користи за најавување на повеќе сервиси како, Windows 8 PC, Skype, SkyDrive, Xbox Live, Outlook.com, Windows Phone. Оваа година беше воведена Two – step verification функцијата, која овозможува најавување со внесување на код од апликација на вашиот мобилен телефон, при секое најавување на сметката.

Кои се новите сигурносни функции можете да прочитате во продолжение, како и што секоја од нив значи и како ќе може да се користи.

Последни активности (Recent activity)

Ова е листа на активностите поврзани со најавувањето и одјавувањето на вашата корисничка сметка во последните 30 дена, како и останати активности поврзани со сигурноста на истата, како промена на податоците и слично. Со други зборови, секогаш кога ќе се најавите со вашата сметка, било тоа да се работи од вашиот компјутер, преку веб страна, мобилен телефон, email апликација или било која друга апликација од трети страни, најавувањето ќе биде регистрирано и прикажано во листата. Информациите кои што ќе ви бидат достапни се: Опис на активноста, дата и време кога се има случено активноста и локацијата од каде што се има случено истата. Со притискање на некоја од активностите добивате повеќе информации, како, IP адресата од компјутерот или уредот од кој што се има случено активноста, типот на уредот и оперативниот систем користен, кој интернет прелистувач или апликација се користени.

4722.Activity_51621894

При забележување на одредени „сомнителни“ активности на располагање имате две опции. Доколку се имате најавено од друга локација, како на пример од местото каде што сте на одмор, можете да притиснете на „Ова бев јас“ (This was me) опцијата, па таа локација ќе биде додадена на листата на локации од каде што може да се најавите во иднина. Исто така доколку видите активност, како на пример најавување од локација или оперативен систем од кој што вие се немате најавено, можете да притиснете на „Ова не бев јас“ (This wasn’t me) опцијата, која што потоа ќе ве води низ низа на чекори за промена на вашата лозинка и други сигурносни информации.

Активностите кои што ќе можете да ги видите во листата на последни активности, покрај вашите најавување и одјавувања од сметката се следните: Најавување со точна лозинка од непознат уред, најавување со погрешна лозинка, додаден телефонски број, додадена email адреса, додадена апликација за автентикација, како и бришење на претходните активности, промена на името на корисничката сметка, сите сигурносни информации се обележани за бришење, промена на лозинката, ресетирање на лозинката, додавање и бришење на алијас адреса, вклучување и исклучување на Two – step verification, креирана или избришана лозинка за апликација, промена на информации за профилот и креирање на сметка.

Кодови за обновување на пристапот до корисничката сметка (Recovery codes)

Ова е функција за тие што ја имаат активирано и ја користат функцијата Two – step verification. Доколку се случи да ги смените телефонскиот број и пристапот до вашата бекап email адреса, како и апликацијата преку која што ги генерирате кодовите за најавување, преку овој код ќе можете да се најавите и да влезете во вашата сметка. Кодот треба да го чувате на сигурно место, надвор од вашата Microsoft сметка.

Код може да побараат и корисниците кои не користат Two – step verification и истиот може да биде побаран само еднаш, односно доколку побарате втор код, стариот ќе биде избришан и нема да важи.

2275.recovery-code_539EA150

Повеќе контрола на сигурносните нотификации

Добивањето сигурносни нотификации е функција достапна во вашата сметка, но сега е проширена со изборот каде точно би сакале да ги добивате нотификациите. Можете да изберете друга email адреса, како и телефонски број.

7870.Notifications_7A00849B

Сите нови функции, како и старите поврзани со сигурноста на вашата сметка можете да ги најдете со најавување на вашата Microsoft сметка на http://account.live.com.

Претходна статијаИнтересни Windows концепт дизајни
Следна статијаFirefox 26 достапен – донесува нов Home екран на Android
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.