После претставувањето на првата официјална верзија наменета за програмерите во март, Google вчера ја претстави и бета верзија од новиот Android O. Истата е достапна како и обично за инсталирање на уредите со Google брендот, односно Nexus и Pixel, а за жал повеќето од нас нема да може да ја користат до купувањето на нов уред или до идната година доколку купите уред оваа година.

Бета верзијата може да се нарече е втора верзија наменета за програмерите и истата донесува низа на новини кои се концентрираат во донесување на подобро корисничко искуство. Промени во корисничкиот интерфејс нема поголеми, а и не може да се очекуваат. Сепак материјалниот дизајн е нешто што се’ уште функционира одлично и има време додека му се потребни промени, покрај повремените освежувања.

Новините презентирани во најновата верзија од Android O, Google ги подели во две категории:

Fluid experience, категорија на новини која се концентрира на подобрување на мултитаскинг искуството со нова слика-во-слика можност, нов систем за нотификации, автоматско пополнување на текст во апликациите и слично.

Втората категорија е наречена Vitals и истата се концентрира на подобрување на безбедноста и перформансите на системот, генерално подобрување на работата на системот, како и алатките за програмерите.

Извор: The Verge, VB, Phonedog