SPRKLAHR-2179-800x420

Sphero, производителот кој прв ни го донесе популарниот дроид од новиот Star Wars: The Force Awakens, сега лансира нов мини робот, кој помага во програмирањето. Идејата е овој робот да го користат децата во процесот на учење на програмирање.

Секако, не мора да имате робот за да научите да програмирате, но тоа секако би било многу поинтересно, нели? И ова особено би имало смисла кај децата, кои знаат често да се досадат од седење пред компјутерите и навидум бесполезно пишување на кодовите. Со Sphero SPRK+, учениците ќе можат веднаш да ги видат резултатите од програмирањето и алгоритмите, што ќе им овозможи многу побрзо разбирање на тематиката.

SPRKHawkHR-4491

SPRK+ е инаку наследник на минатогодишниот модел со исто име, но без “+”. Роботот е проѕирен и може лесно да се поврзе со паметен уред, како на пример паметен телефон, таблет или лаптоп и тоа само со допирање со него, секако доколку тие поддржуваат NFC. Потоа, учениците со кодирање ќе можат да направат робо-топката да прави најразлични работи, како на пример да се снајде во лавиринт или автоматски да ја истражува околината.

Корисниците ќе треба на паметните уреди да ја имаат инсталирано специјалната апликација Lightning Lab (достапна за iOS, Android и Amazon Fire) на Sphero, која овозможува основно програмирање. Апликацијата има и претходно дефинирани кодови од најразлични области, кои ќе помогнат ученикот побрзо и полесно да навлезе во тематиката.

Цената на Sphero SPRK+ изнесува 129 долари и истиот е достапен онлајн преку продавницата на Sphero. Уредот првенствено ќе биде наменет за школите и образовните институции, но верувам дека би бил интересен и за сите гикови.

Извор: Gizmodo, Slash Gear, Sphero

Претходна статијаWindows Refresh Tool ќе овозможи да направите чиста инсталација на Windows 10 без вградените апликации
Следна статијаTwitter и Vine добиваат можност за објавување на видеа со траење до 140 секунди