eBdXYGla

Видео содржината станува се поголем дел од објавите на социјалните мрежи. Воведувањето на своја платформа за видео на Facebook само го покажа тоа, а и придонесе за зголемување на популарноста.

Twitter веќе има можност за објава на видеа, а истите се популарен начин на објавување за огромен дел од корисниците. Од Twitter истакнуваат дека бројот на видео објави е зголемен за 50% од почетокот на оваа година, што ја покажува популарноста на овој вид на објави.

Видеата кои може да се објават на Twitter моментално се ограничени на 30 секунди, па може слободно да се каже дека тоа не е баш доволно за многу ситуации. Од Twitter им е јасно ова, па и под притисок на конкуренцијата, се разбира, тие се одлучија да го зголемат ова ограничување.

Новото ограничување е на 140 секунди, односно исто како ограничувањето на карактерите при текстуална објава. Очекувано Twitter сепак задржува одредено прилично мало ограничување, со оглед на тоа што тоа е и концептот на социјалната мрежа, а тоа е и една од главните работи која ги привлекува огромниот број на корисници.

1 Wr3B5XkRdiFtDq2SIhSuIg

Покрај Twitter, зголемување на лимитот на видеата добива и Vine, познатиот сервис од Twitter за споделување на видеа до 6 секунди.

Vine и понатаму ќе функционира на база на видеа од 6 секунди, а зголемувањето на лимитот ќе биде во форма на додатно подолго видео од 140 секунди кое ќе може да се пушти од краткото видео. За таа цел ќе биде достапно посебно копче, па корисниците ќе знаат дека за одредено видео е достапна и подолга верзија.

Ова ќе го задржи концептот на Vine, меѓутоа ќе им овозможи на корисниците кои се повеќе се одлучуваат да се изразат преку видео содржина, да можат тоа подобро да го направат.

Извор: Twitter, Vine

Претходна статијаSphero SPRK+ е робо-топка која помага во учење на програмирање
Следна статијаИнтел го забрзува патот кон подлабока аналитика со најновите Интел технологии
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.