Intel, Processors

Лансирање на Intel® Xeon Phi™ процесорот и напредокот кај Intel® Scalable System Framework се обраќаат на побарувачката на пазарот за напредни перформанси, енергетска ефикасност и програмабилност.

Како што расте обемот на податоци и станува покомплексен, нов хардвер, софтвер и архитектура се потребни за да се овозможи подлабока аналитика и да се забрза кон нови откритија, бизнис иновации и следната еволуција на аналитиката со новиот Intel® Xeon Phi™ процесор. Интел за време на ISC 2016 конференцијата ги претстави првите четири модели на новата серија процесори Xeon Phi. Цените стартуваат од 2438 до 6532 долари. Тоа се целосно х86 компатибилни процесори, од четирите 14 нанометарски модели се произведуваат верзии со процесорски сокет и можат да работат како централен процесор. Тоа претставува огромен напредок, а бројот на јадрата кај Knights Landing достигнува до 72.

xeon_Phi_rgb_3000

Решавање на најголемите предизвици побрзо со Intel® Xeon Phi™ фамилијата на процесори

Новиот процесор Intel Xeon Phi е првиот „Intel bootable host processor“ специјално развиен за паралелни работни оптоварувања и првиот кој интегрира технологија за меморија и „fabric technologies“. Како bootable x86 CPU, процесорот Intel Xeon Phi скалира ефикасно без да биде ограничен од зависноста од PCIe како GPU акцелератор. Преку елиминирање на оваа зависност, процесорот Intel Xeon Phi нуди повисока приспособливост и е способен да се справи со широк спектар на работни оптоварувања и конфигурации.

Системи со Intel Xeon Phi процесори се јавно достапни денес, а се очекува поширок избор да се добие во септември оваа година. До денес, Интел испорача десетици илјади уреди и се очекува да се продадат повеќе од 100.000 уреди до крајот на годината. Екосистемот на оваа фамилија на процесори вклучува повеќе од 50 производители (ОЕМ), ISV и партнери. За да дознаете повеќе, посетете www.intel.com/xeonphi/partners

Машинското учење оди подлабоко со Intel® Xeon Phi™ процесорите

Примената на машинско учење бара огромно количество компјутерска моќ, за да се работи со математички алгоритми и да се обработуваат големи количини на податоци. Со оглед на овие предизвици, Intel го прошири својот спектар на технологии за машинско учење со Intel® Xeon Phi™ processor кој нуди стабилни перформанси за тренинг модели за машинско учење, флексибилност на „bootable host processor“, способност за симултано работење на повеќе аналитички работни оптоварувања. Intel® Scalable System Framework-базираните кластери, потпомогнати од Intel Xeon Phi процесори и интегрираната Intel® Omni-Path Architecture, овозможуваат на научниците кои се занимаваат со податоци, да работат со комплексни неврални мрежи и да пуштаат тренинг шеми за значително пократко време.

Нова Intel® Scalable System Framework референтна архитектура

Дизајнирани за мали кластери до најголемите суперкомпјутери во светот, Intel® SSF обезбедува приспособливост и балансирана продуктивност за интензивни апликации, машинско учење и визуелизација. Интел ја пушти својата прва Intel® SSF референтна архитектура, обезбедувајќи препорачана основна хардверска и софтверска конфигурација за оптимизирани НРС системи. Intel® SSF референтната архитектура се базира на два референтни дизајни кои одговараат на специфичните барања на НРС системи, хардвер и софтвер, инсталација и инструкции за конфигурација. Новата референтна архитектура и дизајн помага на креаторите на системи да ги поедностават процесите за дизајн, нудејќи на крајните корисници насоки за купување и софтверски апликации. Повеќе информации за новата референтна архитектура и дизајн се на располагање на: www.intel.com/SSF.

Поедноставување на софтверски примени со Intel® HPC Orchestrator

Intel® HPC Orchestrator е нова фамилија на производи кои ќе ги поедностават примената и континуираната поддршка на НРС системи преку намалување на обемот на работа потребен за интеграција, тестирање и валидација. Intel HPC Orchestrator производите кои се планирани да бидат достапни во четвртиот квартал, се базирани на OpenHPC софтвер со обезбедени професионални услуги и техничка поддршка. Повеќе информации за Intel® HPC Orchestrator се достапни на: www.intel.com/hpcorchestrator.

Rapid Industry Adoption of Intel Omni-Path Architecture

Intel Omni-Path архитектурата е ново „end-to-end“ фабричко решение дизајнирано за ефективно да ги подобри перформансите на НРС апликациите за основни и големи НРС кластери. Прифаќањето на пазарот продолжува рапидно да расте со повеќе од 80.000 нодови на пазарот и широка достапност од производителите на системи што испорачуваат  Intel OPA-базирани серверски платформи, вклучувајќи ги: Dell*, Fujitsu*, Hitachi*, HP*, Inspur*, Lenovo*, NEC*, Oracle*, Quanta*, SGI*, Supermicro*, Colfax* и многу други.

Претходна статијаTwitter и Vine добиваат можност за објавување на видеа со траење до 140 секунди
Следна статијаApple ќе продава електрична енергија произведена од обновливи извори
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.