Во модерниот свет фокусиран на технологијата, лесно може да се најдеме во бескрајниот маѓепсан круг на мрзеливост. Постојано сме приклучени на компјутер додека сме  на работа, поминуваме време на паметните уреди дома, па дури и имаме автоматизирани домашни системи што можат да ги вклучат нашите светла или телевизори. Сепак, технологијата исто така може да нè поттикне да го подобриме нашето здравје давајќи ни поголем пристап до целокупната здравствена состојба, да ни помогне да ги оствариме зацртаните фитнес цели или дури и да не насочи и поттикне кон активен и здрав начин на живот. 

Што велите за неверојатно добра комбинација на часовник кој будно ќе го мери не само секој совршен момент од вашиот живот, туку и активно ќе ја следи вашата физичка активност и здравствена состојба, генијален телефон кој ќе ви го олесни денот со својата револуционерна природа на секој можен момент, и слушалки со посебен звук кои се специјално дизајнирани за вашите уши? Прекрасно е чувството кога знаеш дека некој размислува за твоите потреби и е секогаш тука за тебе да те поддржи во остварување на твоите фитнес цели.

1. Загрејте се

Ако има едно нешто што треба секогаш да го правите, без разлика колкава е температурата надвор, тоа е да влезете во рутината на загревање на вашето тело најмалку 5-10 минути. Многу од повредите при вежбање се случуваат токму затоа што не се одвојува време за да се придвижи  телото и да се подготви за вежбање. Колку е поладно надвор, толку подолго треба да го загревате телото пред секоја напорна активност. Со зголемена површина и подиректен контакт со вашиот зглоб, Galaxy Watch5 ја следи здравствената метрика сега со уште поголема прецизност од моделот Galaxy Watch4. Дополнително, неговиот моќен BioActive сензор 3-во-1 работи заедно со другите сензори од серијата Galaxy Watch5, вклучувајќи го и новововедениот сензор за температура (достапноста на оваа функција зависи од пазарот), за да им овозможи на корисниците длабинско разбирање за своето здравје. Сензорот за температура користи инфрацрвена технологија за попрецизни отчитувања, дури и ако температурата на вашата околина се менува. Ова отвора нови можности за програмерите да ги прошират своите опции за здравје и благосостојба, а корисниците да ги искористат предностите од целосно нови искуства.

Доколку временските услови не ви дозволуваат да вежбате надвор, програмите за вежбање од дома лесно може да ги пристапите од револуционерниот екран на Galaxy Z Fold4. Благодарение на Flex Mode, Galaxy Z Fold4 5G ја покажува својата сила со својата единствена способност да стои исправено. Овој симетричен и избалансиран дизајн се отвора за да можете лесно да влезете во следната ера на паметни телефони.

2. Одберете квалитетна и топла опрема

Да бидеме искрени, новата опрема за вежбање и тоа како може да биде мотив да ги загрееме патиките и да се фрлиме на вежбање. Секогаш одбирајте квалитетни материјали кои и дозволуваат на кожата да дише. Не заборавајте топли грачи за нозе, топол елек и капче или трака која ќе ви ги штити ушите од ладно. За да биде стилот комплетен, Galaxy Watch5 нуди стилски и минималистички дизајн, како и перформанси кои ви помагаат да постигнете повеќе секој ден.

3. Вежби за тело

Без оглед на тоа колку различни рутини за вежбање менуваме во текот на нашиот живот, согласно фитнес трендовите, некои вежби никогаш не треба да излегуваат од мода и секогаш да бидат вклучени во вашата рутина за вежбање. Ако се изведуваат правилно, вежбите како што се чучнувања, склекови, пленк и стомачни се исто толку ефикасни за да бидете во форма како и секоја друга форма на фитнес. Тие можат да се направат насекаде, особено во паркот. Плус, се одличен додаток после квалитетно кардио, а има ли подобро време за трчање во паркот од есен кога боите, мирисите и свежината на воздухот ви даваат сила?

Моќен и создаден да трае, Galaxy Watch5 Pro ја има најголемата батерија во Galaxy Watch. Тој е 60% поголем од Galaxy Watch4, што е клучно за да биде во чекор со вас додека освојувате нова рута. Вистинската магија се случува кога ќе го споите генијалниот Galaxy Z Fold4 5G со слушалките Galaxy Buds2 Pro кои имаат целосен звук што ќе го допре секој атом од вашето тело. Експертите за аудио од AKG ги приспособија слушалките Galaxy Buds2 Pro да емитуваат неверојатно богат и живописен звук со висока дефиниција. Дали сакате да се одвоите од околната врева, но сепак да не пропуштите ниту еден детал? Слушалките Galaxy Buds2 Pro ви овозможуваат брзо да се фокусирате на околината без да треба да ги извадите. Слушалките Galaxy Buds2 Pro со иновативен дизајн се ергономски прилагодени на увото и се направени од неверојатно напреден и лесен материјал прилагоден за носење 24 часа на ден, 7 дена во неделата. Благодарение на револуционерниот тенок дизајн, повеќе не треба да се грижите дали ќе испадне од вашето уво за време на вашите омилени активности.

4. Истегнување

Како што истакнавме во советот 1, загревањето е од суштинско значење за тренингот за студено време. Пред, за време и по вашата рутина за вежбање, правилното истегнување може да го подобри вашиот опсег на движења секој пат кога вежбате. Бидете доследни на тоа и уживајте во придобивките по патот. И не заборавајте да се грижите за вашето тело денес и тоа ќе се грижи за вас утре.

5. Квалитетен сон за правилно заздравување на мускулите

Дизајниран за секојдневни победи, Galaxy Watch5 нуди сеопфатно искуство од што ги надминува фитнес активностите и вклучува процеси после тренинг, одмор и закрепнување. Алатката за мерење на составот на телото обезбедува целосна слика на целокупното здравје на корисникот, давајќи му приспособен пристап за поставување цели, водејќи ги преку персонализирани вежби и следење на напредокот. И кога е време за одмор, Galaxy Watch5 им обезбедува на корисниците податоци за обновување, вклучително и отчукувањата на срцето по интензивно вежбање и приспособени препораки за потрошувачка на вода врз основа на губење пот.

Повеќе информации за производите на:

Galaxy Buds2Pro https://www.samsung.com/mk/audio-sound/galaxy-buds/galaxy-buds2-pro-bora-purple-sm-r510nlvaeuc/

Galaxy Watch5 https://www.samsung.com/mk/watches/galaxy-watch/galaxy-watch5-40mm-silver-lte-sm-r905fzsaeuc/ Galaxy Z Fold4 https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-z-fold4/

Претходна статијаМакедонски Телеком со стабилен раст во 2022 година
Следна статијаYouTube Music доби можност за креирање на сопствена „радио станица“