Untitled-design-2-796x394

Холандскиот гигант е веројатно еден од најчесто присутните во нашите домови, но многу ретко пишуваме за него, пред сѐ бидејќи не учествува со свој натпреварувач на пазарот на преносните уреди. Сепак, новите уреди за кои ќе пишуваме денес не се помалку важни. Напротив, се работи за паметни електронски геџети кои имаат за цел да го подобрат здравјето на човекот.

Сите уреди припаѓаат на “Internet of Things” секторот, каде Philips е еден од водечките производители со своите паметни LED сијалици кои можат да продуцираат 16 милиони бои и да се контролираат преку смартфон (и јас дури сакам една). Новите четири уреди се еден вид на паметен часовник, мерач на крвниот притисок, вага и топломер кој се става во увото.

PhilipsBloodPressure-e1470053728917

Philips Health Watch е веројатно најинтересниот за зависниците од технологијата – може да ја следи активноста, отчукувањата на срцето и сонот. Сепак, ова не е вистински паметен часовник – нема да ги прикажува нотификациите од телефонот, што според мене е добро како за промена, бидејќи тие многу често предизвикуваат повеќе стрес отколку што се добри за нас.

Паметната вага, пак, која чини 100 долари, покрај тоа што може да ја мери тежината, може да го измери и процентот на масни наслаги според висината на корисникот. Мерачите на притисок се прилично стандардни – мерат се што може да измери и стандарден електронски апарат за притисок, но тука резултатите може да се зачувуваат на вашиот паметен телефон (90 и 100 долари).

PhilipsScale-e1470053859359

На крај, термометарот кој се става во увото, овозможува ултра брзо мерење на температурата за само 2 секунди – нема веќе чекање неколку минути со топломер под пазувите. Сепак, цената е прилично висока – топломерот чини 60 долари.

Сите поретставени уреди можат да се синхронизираат со специјална апликација, во која корисникот ќе може да ги следи параметрите за своето здравје.

Philips Embed

Извор: The Next Web, TechCrunch, Mobi Health News

Претходна статијаWindows 10 Anniversary Update почна да станува достапна за корисниците
Следна статијаHuawei Honor 8 Note е гигантски 6,6 инчен телефон од високата класа