honor-note-8

Ако големината на Galaxy Note 7 не Ве возбудува повеќе, еве еден телефон кој сигурно ќе ги исполни вашите очекувања. Honor 8 Note е новиот таблет/телефон на Huawei од високата класа, кој е наменет пред се за оние кои конзумираат многу мултимедијални содржини на својот паметен телефон.

Дисплејот е навистина гигантски – има големина од 6,6 инчи и Quad HD резолуција, што значи дека има 443 ppi густина на пикселите, повеќе од доволно за толку голем дисплеј. Процесорот е моќниот Kirin 955 на Huawei, помогнат од 4 GB рам меморија и избор на модели со 32, 64 и 128 GB внатрешен простор, со можност за проширување преку micro SD.

gsmarena_000

Настрана моќните внатрешни компоненти, камерата не е толку импресивна како кај Honor 8 и P9. Тука нема две камери, туку само една од 13 мегапиксели со оптичка стабилизација, додека предната има 8 мегапиксели. За разлика од другите телефони од високата класа (болка на сите останати Huawei модели), Honor 8 Note не може да снима 4K видео, што за многумина може да биде голем минус.

Батеријата има прилично голем капацитет од 4.500 mAh, но со оглед на големината на дисплејот и неговата резолуција, не очекувајте дводневно користење, особено ако го користите телефонот за гледање видеа и сл. Однадвор инаку Honor 8 Note е изработен од алуминиум, со сличен дизајн на P9 и секако има и читач за отпечатоци на прстите во задниот дел. Цената ќе се движи од 346 до 420 долари.

honor-5

Покрај огромниот Honor 8 Note, Huawei го претстави и Honor 5, телефон од средн0-ниската класа со 5 инчен HD дисплеј, MediaTek процесор со четири јадра, 2 GB рам, 16 GB простор со слот за micro SD и камери од 8, односно 2 мегапиксели. Најголем адут на овој уред ќе биде исклучително ниската цена од 90 долари во Кина.

Извор: Engadget, GSM Arena, The Verge

Претходна статијаPhilips претстави паметни производи за контрола на здравјето
Следна статијаInstagram Stories – нов начин за споделување на слики на оваа мрежа