untitled copy
Паметните тетоважи добиваат се поголем замав, а оваа за која ќе пишуваме денес наречена DuoSkin, развиена од студенти на MIT и Microsoft Research би можела да најде многу голема примена во нашите животи, особено што сите сме реално зависни од нашите паметни телефони. И згора на тоа, барем за женскиот пол, изгледаат модерно и допадливо и би биле одличен додаток на целосниот стајлинг.

Но, многу е поважно тоа што можат да го направат. Имено, тие безжично се поврзуваат со вашиот паметен телефон и потоа нив можете да ги користите да го контролирате него, нешто како со тачпад што контролирате лаптоп. Зошто би сакале безжично да го контролирате вашиот паметен телефон? На пример кога слушате музика и сакате да смените песна – со оваа тетоважа нема да мора да го вадите телефонот од џеб.

DuoSkin може да се користи и како простор на кој корисникот ќе складира податоци, кои потоа ќе може лесно да ги сподели меѓу сите негови уреди (нешто како персонален Cloud), а може и да менува бои зависно од температурата. Напредна верзија на DuoSkin дури има и LED диоди кои можат да „глумат“ мини дисплеј на вашата кожа.

Оваа тетоважа е многу лесна за лепење на кожата – за тоа ќе ви треба само влажна крпа, што значи дека и отстранувањето е многу лесно, на пример откако ќе ви досади дизајнот кој го носите.

Извор: The Verge, Windows Central, Fortune

Претходна статијаИздувот од авионите опасен за околината, според АЗО на САД
Следна статијаНова активна суспензија од Audi ги претвора дупките од патот во електрична енергија