Microsoft критикува делови од MacBook Pro во најновата реклама за Surface Pro 7

Touch Bar, тастатурата, како и цената, се дел од новата реклама на Microsoft за нивниот хибриден Surface Pro 7 уред

Microsoft оваа недела пушти нова реклама за нивната одлична Surface серија, поточно Surface Pro 7. Ова е хибриден уред кој може да се користи како таблет компјутер и лаптоп. Доаѓа со екран на допир, тастатура која се вади, односно додава по потреба, како и пенкалце за тие кои им е потребно во работата.

За да ја истакне функционалноста на овој уред, Microsoft се користи со вид на реклама која секогаш привлекува внимание, а тоа е директната споредба и критика на конкуренцијата.

Во видеото Surface Pro 7 се споредува со MacBook Pro каде се критикува само малата лента која е на допир, односно Touch Bar лентата, фактот дека не се работи за хибриден уред, односно тастатурата не се вади, а на крајот се истакнува и разликата во цената.

Видеото е на почетокот од оваа статија.

ИЗВОРTechSpot
Претходна статијаНајновите паметни телефони на Samsung Galaxy S21 серијата наскоро и во Македонија
Следна статијаЗвукот на Netflix добива голема надградба на Android со xHE-AAC кодекот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.