Фото: Shutterstock.com

Netflix преку својот блог најави дека на нивната апликација на Android ќе почне да го користи xHE-AAC кодекот со што корисниците може да очекуваат подобрување на квалитетот на звукот кога го користат сервисот преку нивниот мобилен.

Од компанијата навлегуваат во детално објаснување на што точно значи воведувањето на новиот кодек, а објавата можете да ја видите на овој линк.

Во основа, корисниците може да очекуваат подобар квалитет на звукот кој сега ќе оди до ниво на студио квалитет. Ова посебно важи за корисниците на подобрите модели на смартфони и кои гледаат на добра интернет конекција.

Новиот кодек носи подобрувања и за тие кои гледаат на послаба конекција, со можноста за прилагодување зависно од достапната интернет брзина.

Netflix на Android сега ќе овозможува почист и подобар звук во ситуации кога во околината има бучава. Корисниците ќе можат полесно да ги слушнат звуците и покрај бучавата, како и малите звучници на телефонот.

Уште една новина ќе направи подобрување на искуството. Разликата во јачината на звукот за време на гледање на содржина ќе биде израмнета, па корисниците нема да имаат ситуации да кога гледаат нешто од тивко наеднаш стане гласно. Ова исто така ќе важи и за разликата во јачината на звукот помеѓу различни филмови и серии.

Оваа новина сепак нема да им биде достапна на сите, кога ќе се земе во предвид фрагментираноста на Android оперативниот систем. За да можете да го искористите новиот кодек, мора да ја користите деветтата верзија од Android или понова.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаMicrosoft критикува делови од MacBook Pro во најновата реклама за Surface Pro 7
Следна статијаКо-основачот на OnePlus Карл Пеи, ја претстави својата нова компанија која се вика „Nothing“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.