a2behyit4otguoq2yhxw

Еве еден доказ дека една идеја може да внесе возбудливи работи дури и во досадни хардверски уреди, како што се тастатурите на нашите компјутери. Се работи за посебен алгоритам, кој преку вградените камери на лаптопите, може да препознае со кој прст корисникот го притиска копчето и според тоа да активира различни функции.

На пример, алгоритамот во Finger – Aware Keyboard ја знае точно поставеноста на раката и може да се искористи за прикажување на голема буква иако корисникот нема притиснато “Shift”. Секако, веднаш ќе помислите дека нема потреба од тоа, но ова е нешто што прво текнува кога ќе се разгледа овој систем, а секако, можностите се скоро неограничени.

Screenshot_2

Еве уште еден пример – буквата “Г”, која скоро секогаш ја притискаме со левата рака, може да има целосно друга функција со десната, односно лансирање на Google пребарување. Ова значи и дека корисникот може и сам да ги прилагоди копчињата зависно од неговите потреби и да стави различни функции на нив, зависно од тоа со која рака и кои прсти ги притиска. Системот може да се искористи и во најразлични софтвери, како на пример Photoshop, каде има многу функции за кои нема кратенки на тастатурата, а се често користени.

Screenshot_3

Системот е развиен од Жингжи Женг и Професор Даниел Вогел од Универзитетот од Ватерлу за Компјутерски Науки во Канада. Finger – Aware Keyboard инаку ја користи вградената камера на лаптопите, но со вградено дополнително огледалце, кои и дозволува да ја види тастатурата. И најдобро од се, бидејќи се работи само за софтвер, можете да го вградите и на вашиот лаптоп, независно од кој производител е.

Извор: Gizmodo, Jingjiezheng, Gizmag

Претходна статијаРецензија: BLU Studio One и BLU Life Mark нудат одлично смартфон искуство за многу ниска цена
Следна статијаSony ја намалува понудата на телефони, ќе преживее само Xperia X серијата?