intel-joule-1-2x1

Најголемиот производител на компјутерски чипови во светот, последниве неколку години сериозно вложува во технологии кои им овозможуваат на геџетите гледање и 3D мапирање на околината, како и нејзино распознавање. Joule е нов дивелопер кит кој може да се вгради и во најмалите геџети и кој може да им овозможи „компјутерска визија“, заедно со RealSense камерата.

Како пример за ова Intel го покажаа Joule на индустриски безбедни очила (за заштита на очите во индустриските капацитети) на производителот PivotHead, каде системот може да изврши анализа на околината во реално време. Поточно, во случајот кој го покажа Intel, работникот врши проверка на волтажата на колото на дел од авионот, целосно преку очилата. Ова може да им овозможи на работниците многу побрза и посигурна проверка и да намали од времето потребно за тие активности.

Intel+Joule

Joule не е првиот ваков систем – компјутерската визија е веќе вградена во многу најразлични геџети, но ова е првиот мини компјутер кој го овозможува тоа. Досега, за да работи компјутерската визија, требаше голема компјутерска единица и Wi-Fi и Bluetooth поврзување до неа, нешто што ретко е достапно во такви сценарија како тоа што го спомнав погоре.

Овој мини компјутер ќе биде сертифициран за продажба во преку 100 земји во светот, а неколку индустрии веќе и го користат него. На пример, компанијата VStone од Јапонија има направено робот – шанкер, додека француската компанија EyeSight има вградено можност за прикажување на информации на самиот визир на шлемовите на мотициклистите од француската полиција. Можностите со Joule се навистина неограничени, па затоа Intel прво го продава Joule на дивелоперите, со цел тие да ги откријат нив.

Извор: The Verge, TechCrunch, Engadget

Претходна статијаNvidia ги претстави графичките од серијата „10“ за лаптоп компјутерите – ќе бидат најмоќни во светот
Следна статијаПрозорско стакло од МИТ може инстантно да стане непроѕирно и обратно