holus-fullbleed-jt

Холограмската технологија сме научени да ја гледаме во научнофантастични филмови и книги, но за жал се` уште е во детска фаза на развиток. Пред некое време пишувавме за интересен нов концепт на холограм од Јапонија, но овој пат ќе пишуваме за веќе искористен концепт на квази 3Д холограм.

Запознајте се со Holus, парче технологија од канадската компанија H+ Technologies. Целта на Holus е да ви го претстави било кој приказ во 3Д простор користејќи паметен трик кој се нарекува „илузија Пеперов дух“, која се базира на систем на огледала и стакла кои рефлектираат слика која пак изгледа како да постои во просторот. Ваквата техника беше искористена да се оживее Тупак Шакур и Мајк Џексон, а сега од H+ Technologies ја користат за да го оживеат приказот од вашиот телефон, таблет или компјутер.

Според нив, секоја 2Д слика може да се претвори во 3Д, иако не се објаснува како точно се остварува ова во случај кога нема 3Д информација за истата. Како и да е, во средината на Holus е сместена стаклена пирамида, а 3Д проектор проектира слика врз нејзините ѕидови. Ако се движите околу пирамидата сликата на различните нејзини површини е соодветна на тоа што би го виделе кај вистински 3Д објект. Тоа значи дека ќе ги гледате објектите од страна, а нема да биде само истата слика копирана на секоја површина на пирамидата.

1404d206a34a64702b4fcc562bfa4999_original

Идејата на H+ Technologies е да создадат уред кој би можел да се користи во домаќинството за гледање содржина во 3Д, интеракција и комуникација со други луѓе, играње игри во поинтересно опркужување и така натаму. Дали ќе успеат во ова останува да видиме бидејќи Holus изгледа малку сомнително од аспект на тоа дали ќе може да ги исполни очекувањата.

Сепак, ако сакате да го поддржите неговиот развиток, имате време од помалку од месец дена да платите пари на Kickstarter кампањата. Притоа, мора да додадеме дека поддршката ќе ве чини доста солено – минимум 850 долари, со што добивате еден уред за вас во боја по избор.

Извор: Engadget, Gizmag

Претходна статијаSamsung претстави проѕирен и огледало OLED дисплеј
Следна статијаJune Oven – Напредна рерна која ја препознава вашата храна и соодветно ја готви