better-re

Веќе имаме пишувано за тоа дека денешната батериска технологија која постои во преносните уреди е трагична во однос на остатокот од технологијата која постои во нив. Тие можат да прикажуваат 3Д анимации, да прелистуваат Интернет страници додека ви сервираат музика преку слушалките, сето тоа додека автоматски ја проверуваат вашата е-пошта… ама максимум до еден ден активна работа, а често ни толку.

Што би направиле за да имате повеќе енергија за вашиот преносен уред, а во исто време да се грижите за околината? На помош при оваа одлука доаѓаат Enlighten со нивниот нов Kickstarter проектBetter Re.

Better Re е проект кој ќе се обиде да ги рециклира вашите стари батерии преку нивно сместување и користење како дополнителен извор на енергија. Имено, според нив, корисниците во просек ги менуваат своите преносни уреди на две години. Голем дел од тие се фрлаат или оставаат без никаква употребна вредност, но по 2 години нивните батерии се` уште имаат околу 80% од капацитетот.

Затоа тие сакаат да ви овозможат уред во кој ги сместувате старите батерии и кој можете да го користите како пакување за дополнителна енергија за вашиот нов уред. Едноставно ја „вклучувате“ батеријата во Better Re и потоа со USB кабел можете директно да го полните вашиот преносен уред.

Дополнително, Better Re е направен од рециклирачки алуминиум и дрво, материјали кои не ја загадуваат околината и ја продолжуваат нивната мисија на зелена технологија. Kickstarter проектот ја надмина потребната граница од 50.000 долари за да се оствари, но се` уште можете да го поддржите (и да се стекнете со Better Re) за 39 односно 44 долари.

Мисијата да бидеме поодговорни кон околината е непрекината борба со најразлични загадувачи и неодговорни пракси, а Better Re е еден од начините за нејзино водење.

Извор: Engadget, Fastcoexist

Претходна статијаGreen Bank – Градот кој има забрана за електромагнетно зрачење
Следна статијаGalaxy J5 и J7 се првите два телефони на Samsung со предна камера со блиц