oppo-smartwatch-leak-720x480

Стандардните рачни часовници знаеме дека имаат огромен издржлив век на работа. Понекогаш батеријата ќе ве служи и повеќе од година дена, ако не го малтретирате премногу и ако е изработен квалитетно.

Таканаречените „паметни часовници“ го имаат токму овој проблем, како впрочем и целата преносна технологија која постои денес – едноставно нема доволно поверлив извор на енергија. Тие обично држат еден или два дена батерија и потоа треба да се полнат. Напредокот во технологијата за батерии со поголем капацитет е во полна снага, но има и друго решение кое полека почнува да се остварува – технологија на супербрзо полнење.

По социјалните мрежи се зборува за паметниот часовник од Oppo кој во себе ќе ја има оваа технологија. Таа ќе му овозможи полнење за само 5 минути. Ова сепак веројатно нема да значи дека ќе може да се наполни до 100% од неговиот капацитет за тие 5 минути, но веројатно до некоја пријатна бројка од 70% или 80% што ќе биде доволно да се истера денот. Секако, оставаме од Oppo да не` изненадат со полнењето. Самото тоа што требаат 5 минути да се наполни батеријата до задоволително ниво значи дека проблемот со полнењето ќе биде тривијализиран бидејќи кој нема 5 минути во денот каде може да го остави уредот да се полни?

Компанијата веќе имаше изјавено дека ќе извади на пазарот ваква преносна технологија, па останува да видиме дали овие гласини ќе се остварат.

Извор: DigitalTrends, GizChina

Претходна статијаSolar Impulse 2 – сончево-напојуван авион кој цели да го сврти светот
Следна статијаTubecast – Одлична Windows Phone YouTube апликација